Обемен струк значи поголема опасност од рак

Големината на струкот кај една личност може да биде признак за можноста за развој на рак, откриваат новите истражувања. Според наводите, и мажите и жените со вишок масти околу половината имаат зголемен ризик од појава на некој вид рак - за 11 отсто. А, тоа е случај и ако човекот вежба, пишува британски „Сан“ (The Sun).
Испитувањето опфатило повеќе од 315.000 лица. Инаку, опасноста почнува да се јавува кога обемот на половината надминува 102 сантиметри кај маж и 88 см - кај жена, што се препорачаните граници поставени од Светската здравствена организација (СЗО). Истражувачите од Универзитетот на Регенсбург во Германија ги проучувале луѓето кои биле во рамките на нормалното, според СЗО, или ги следеле нејзините упатства за вежбање, во споредба со оние кои не ги исполнувале условите.
При следењето и набљудувањето, за 11 години, речиси 30.000 луѓе развиле рак.
Стручњаците препорачуваат 150 - 300 минути умерено вежбање неделно, или 75 - 150 минути енергично вежбање, или комбинација од двете.
Се смета дека оваа поврзаност би можела да се должи на вишокот телесни масти кои влијаат на нивото на хормоните. Поголемото ниво естроген и тестостерон го покачуваат инсулинот и предизвикуваат воспаление. Секој од овие фактори е поврзан со зголемена можност за рак.
Умерените активности, според стручњаците, вклучуваат пешачење, чистење, возење велосипед и бадминтон. Интензивните активности, исто така, вклучуваат пешачење, трчање, работа низ градината, брзо возење велосипед, фудбал, кошарка и тенис.
Трудот, во суштина покажа дека оние со поголем струк имаат ризик од рак дури и ако вежбаат. Непридржувањето до некое од упатствата ја зголемува опасноста од рак кај луѓето за 15 отсто. Претходните испитувања, од друга страна, покажале дека вежбањето и здравата исхрана - полна овошје и зеленчук, го намалуваат ризикот од развој на рак.
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Премиерот не е задоволен од работата на Обвинителството
-

Климатските промени влијаат врз економиите
-

Пропадна тендерот за Универзална сала
-

Општина Штип издвои 600 000 денари за најдобрите ученици
-

Преглед на вестите од светот
-

Новите станови кои се продаваат првпат и натаму ќе се даночат со 5% ДДВ
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, Европски центар за извонредност
