Обама уверен во победата над ИД

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека е уверен оти САД ќе победат во борбата против Исламска држава, но и дека клучниот чекор за нејзин пораз ќе биде ставање крај на конфликтот во Сирија.
- Нема да има прекин на огнот во однос на ИД, остануваме немислосрдни во нивното протерување, рече Обама по состанокот на Советот за национална безбедност во Стејт департментот.
Обама додаде дека земјите, кои се борат против ИД често не се согласуваат за долгорочните цели.
- Доколку прекинот на огнот во Сирија се почитува тоа би можело да спаси животи и да ги намали човековите страдања, рече американскиот претседател.
- Меѓутоа со ИД не може да има примирје, нагласи тој и додаде дека ИД има засолништа во урбаните подрачја и цивилите ги користи како жив штит.
Обама истакна дека ИД изгубила повеќе од 40 отсто од територијата, која некогаш ја контролирала во Ирак, како и дека е успорен приливот на странски борци во нивните редови.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
