Обама: САД нема да дозволат да бидат тероризирани
Американскиот претседател Барак Обама порача денеска дека САД „нема да дозволат да бидат тероризирани“ и го повтори повикот за поостра контрола на оружјето, после нападите во Калифорнија, кога брачна двојка уби 14 лица.
- Ние сме силни. Ние сме отпорни. И нема да дозволиме да не тероризираат, порача Обама во своето неделно обраќање.
По индициите дека пукотницата во Сан Бернардин била инспирирана од екстремистичката група Исламска држава, Обама најави детална истрага.
- Можно е овие двајца напаѓачи да се радикализирани да го извршат овој чин на терор. Доколку тоа е точно, тоа ќе ја истакне заканата на која сме фокусирани со години - опасност луѓето да потпаднат под влијание на екстремистичката идеологија, истакна Обама и додаде дека сите, „владата, полицијата, заедниците, верските лидери“ мораат да соработуваат за тоа да се спречи.
Тој исто така го повтори повикот за преиспитување на законот за оружје, со кој се дозволува на речиси секоја возрасна личност да може да го купи.
- Знаеме дека убијците во Сан Бернардин користеле воено оружје - оружје на војна, за да убијат што е можно повеќе луѓе. Тоа е уште еден трагичен потсетник дека овде во Америка е прелесно опасните луѓе да дојдат до оружје, истакна Обама. Тој потенцира дека во моментов има лица на кои им е забрането да влезат во авион, но затоа можат да влезат во продавница и да купат оружје, што го окарактеризира како „лудо“.
- Доколку е некој премногу опасен за да се качи во авион, тогаш, по дефиниција, е премногу опасен и да купи пиштол, рече Обама.
Ново на Сител
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Преглед на вестите од светот
-
Министерството за правда и експерти ќе бараат решение за учество на независни кандидати на изборите наесен
-
ДКСК утре ќе му одговори на Собранието дали смее да бира претседател на Антикорупциска
-
Полицијата ја врати разрешената директорка од Демир Хисар од информативен разговор, не ја викнале денес
-
Мицкоски е подготвен да плати „политичка цена“ со непопулистички мерки против поскапувањето на храната
-
Македонија има визија за Вештачка интелигенција, но само декларативно