Обама пристигна во посета на Германија
Американскиот претседател Барак Обама денеска пристигна во посета на Германија, втората станица од неговата последна надворешнополитичка турнеја како претседател, пренесоа американските медиуми.
Обама во Берлин пристигна од Атина.
Вечерва се очекува Обама да има неофицијална вечера со германскиот канцелар Ангела Меркел, бидејќи неговата официјална програма почнува од утре.
Освен со Меркел, за која Обама има кажано дека е еден од неговите најблиски сојузници, американскиот претседател во петок во Берлин ќе разговара и со лидерите на Велика Британија, Франција, Италија и Шпанија. Според извор, цитиран од британските медиуми, една од разгледуваните теми на оваа средба ќе бидат санкциите против Русија.
Од Германија Обама заминува за Перу, каде ќе учествува на самитот на Азиско-тихоокеанската економска соработка.
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка