Обама побара од Турција да ги прекине артилериските напади во Сирија

Американскиот претседател Барак Обама во вчерашниот телефонски разговор побарал од турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган турските сили да ги прекинат нападите врз делови на сириска територија.
- Претседателот Обама изрази загриженост поради неодамнешните дејствија на сириските владини сили во северозападниот дел на Сирија и истовремено побара да се прекине со сите потези кои водат до ескалирање на тензиите со Турција и силите на умерената опозиција. Тој, исто така, потсети на заедничките напори да се победи Исламската држава, се наведува во соопштението на Белата куќа.
Обама апелираше на Турција да покаже реципрочна воздржаност и да прекине со артилериски напади во овој дел на Сирија.
Според официјална Анкара, Обама на својот турски колега му изјавил дека Турција има право на самоодбрана.
Ново на Сител
-

Кочани доби Центар за поддршка на момчиња и мажи
-

Преглед на вестите од светот
-

Петрова: Условот е европски
-

Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието
-

Планот на Мерц пред лидерите на Западен Балкан во Тиват
-

СДСМ: Младите на референдум да одлучат за иднината
-

Гужвите на Богородица продолжуваат - Грција бара нови решенија
-

13 годишник загина возејќи електричен тротинет во Куманово - дали е потребна построга регулатива?
