Обама од Хирошима повика на намалување на нуклеарниот арсенал во светот
Американскиот претседател Барак Обама, кој се наоѓа во посета на Хирошима, изјави дека светот има заедничката одговорност да изнајде начин за да не се дозволат повторно страдања, како што овој град доживеал пред 70 години.
Обама е првиот американски претседател кој го посетил овој град откако САД на него фрлија атомска бомба во 1945 година.
Во меморијалниот споменик на мирот Обама рече дека сеќавањето на она што се случи на 6 август 1945 година никогаш не треба да избледи. Заедно до него стоеше јапонскиот премиер Шинѕо Абе.
Обама истакна дека бомбардирањето над Хирошима и Нагасаки биле „суров крај на Втората светска војна" и дека „нивни жртви биле невини луѓе".
- Нивните лица постојано зборуваат со нас и не потсетуваат за тоа кои сме и какви треба да станеме, рече американскиот претседател.
Тој исто така упати апел за намалување на светските арсенали на нуклеарно оружје и за придвижување кон свет, кој ќе биде слободен од нуклеарно оружје.
Според зборовите на Обама, историјата на човековата цивилизација е исполнета со војни и затоа човештвото треба целосно да го промени својот однос кон самото прашање за водење војни и да направи се за тие да бидат избегнати.
Пред тоа, тој положи венец од цвеќе на местото на првата во светот атомска бомба - симболичен гест со кој Токио и Вашингтон се надеваат дека ќе го потенцираат својот сојуз, но и ќе ги оживеат напорите за уништување на нуклеарното оружје.
Експлозијата на американската атомска бомба во Хирошима на 6 август 1945 г. предизвика смрт на 70.000 до 100.000 луѓе. Многумина од преживеаните пак, починаа како последица од радиоактивноста и други последици од експлозијата. Вкупниот број на жртвите, според официјални податоци од 6 август 2015 г. е 297.684 лица, посочува ТАСС.
Непосредно пред посетата, Обама рече дека нема да се извини за бомбата во Хирошима.
На прашањето дали планира да се извини за време на посетата во Хирошима, Обама одговори: Не, бидејќи мислам дека е важно да се разбере дека лидерите за време на војните носат секакви одлуки.
- Задачата на историчарите е да поставуваат прашања и да вршат истражувања, но како некој кој ја врши оваа функција во последните седум ипол години, знам дека секој државник носи многу тешки одлуки, особено за време на војна, наведе Обама.
Ново на Сител
-
30 години информативна редакција на Сител со Васко Ефтов
-
Интервју со Ели Пешева
-
Стартува Новогодишната кошничка - Граѓаните се жалат на високите цени
-
30 години информативна редакција на Сител со Младен Чадиковски
-
30 години информативна редакција на Сител со Анета Додевска
-
30 години информативна редакција на Сител со Емилија Андоновска Пападимитров
-
30 години информативна редакција на Сител
-
30 години информативна редакција на Сител со Драган Антоновски