Обама ќе задржи војници во Авганистан и по 2017 година
Американскиот претседател Барак Обама ќе задржи 5.500 војници во Авганистан при напуштањето на функцијата во 2017 година, изјави анонимен претставник на американската администрација.
Обама првично планираше од Авганистан да се повлече поголемиот дел американски војници и до крајот на 2016 година во земјата да остане само мал број што би бил сместен во американската амбасада.
Крајот на 2016 година се совпаѓа со последната недела на Обама на функцијата претседател на САД.
Сепак, воените лидери, веќе неколку месеци нагласуваат дека Авганистан има потреба од дополнителна американска поддршка за справување со новиот бунт на талибанците и задржување на тоа што е постигнато во изминатите 14 години.
Промената на својот став, Обама се очекува да го најави доцна денеска од Белата куќа.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Арџи Беллио, претседавач на бордот на ОМД
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?
-
Политичките партии и на овие избори ќе бркаат повеќе гласови со доктори за градоначалници
-
Неколку шумски пожари активни низ државата
-
Пожарот во општина Василево петти ден активен
-
Со новите измени во Kривичниот законик, семејното насилство ќе се гони по службена должност