Обама: Ако се отфрли договорот со Иран, последна варијанта за дејствување е воена операција
Доколку Конгресот на САД го отфрли договорот меѓу шесте светски сили и Иран, тоа би можело да значи дека „последната варијанта за дејствување е воена операција“, изјави американскиот претседател Барак Обама во интервју за списанието „Форвард“.
- Притоа таквата ситуација може да се случи не за време на мојата, туку во текот на следната администрација, истакна Одама, додавајќи дека тој фактор треба да се земе предвид при дискусијата за договорот во Конгресот.
Според американскиот претседател, не треба да се очекува доколку САД го отфрлат договорот, дека Кинезите, Русите, Индијците или Јапонците ќе се согласат да ги остават активни санкциите против Иран.
Обама нагласи дека тој и меѓународната заедница сметаат оти договорот е корисен и не се согласува со оние кои се против него.
Во интервјуто Обама категорично ги отфрли и обвинувањата против него за антисемитизам, откако Израел упати остри критики за договорот со Техеран. Американскиот претседател изрази загриженост поради нападите врз Евреи кои го поддржуваат документот со Техеран.
Ново на Сител
-
Единаесетти парламентарни избори, се кандидирале 1002 мажи и 753 жени
-
Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата