ОАЕ започна масовни напади на цели во Јемен
Воени авиони на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) извршуваат масовни напади на позиции на јеменски бунтовници во знак на одмазда за смртта на 45 војници, кои заедно со десетина други загинаа во петокот, кој беше најкрвав ден за арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија.
Ријад вчера објави дека во бунтовничкиот ракетен напад во богатата со нафта провинција Мариб, во источен Јемен, загинале и десет саудиски војници.
Во нападот е погодено воено депо, што предизвика голем број експлозии, во кои според јеменските власти животот го загубиле и пет припадници на здружените сили од Бахреин.
ОАЕ нападот во петокот ги оценија како кукавички, нагласувајќи дека тоа нема да ја ослаби нивната мисија за враќање на власт на јеменскиот претседател Абедрабо Мансур Хади, кој се наоѓа во егзил.
Бунтовничките шиитски Хути, кои имаат поддршка од Иран, соопштија дека нападот е одмазда за шестмесечните смртоносни воздушни напади на коалицијата.
Авионите на ОАЕ вчера извршија воздушни напади врз цели во провинциите Мариб, Сана, Саада, градот Иб и во централниот дел на Јемен.
Според податоците на ОН досега животот го загубиле над 4.500 лица во јеменскиот конфликт.
Ново на Сител
-
Трамп: Ќе се случи нешто во Украина, работите ќе се средат
-
Андоновски: Имаме капацитет за спроведување дигитален попис, во 2026-та ако бидеме подготвени
-
Скопје денеска со третата највисока температура во Европа – 41,7°C
-
Орбан: Да бараме од нашите семејства да плаќаат 3,5 пати повеќе за гас? Тоа не е лидерство, туку економско самоубиство
-
Путин: Русија ќе ги намали воените трошоци и е отворена за преговори со Украина
-
Рекордни температури и пожари на Балканот, се очекува разладување за викендот
-
Вицепремиерот Николоски учествува на Форум за министри за транспорт во Истанбул
-
Сиљановска-Давкова ги прими припадничките на Армијата кои успешно ја завршија обуката во САД