Нуредини ќе бара нова давачка за компаниите за отпадот кој го прават во производството

Нова давачка за големите компании кои создаваат отпад во процесот на производство најави старо-нобиот министер за животна средина, Насер Нуредини.
Појасни дека така е во целиот свет, а висината на давачката ќе се прави според тие во регионот каде за еден тон отпад се плаќа од 50 до 100 евра во зависност од видот на отпадот.
Во однос на повлекувањето на Преспанското езеро рече дека тоа е долгогодишен проблем, а се уште се работи на наоѓање на изворот на повлекување на езерото. Како можни причини ги спомена зголемената земјоделска површина од 3 на 4.500 хектари, но и можно лошо менаџирање со водата од страна на некој од соседните држави. Завршен е процесот на номинирање на претставници од Македонија и Грција во меѓународниот Преспа парк Комитетот, но се чека Албанија да го стори истото.
Даниел Василев
Ново на Сител
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
