Нула отпад со истражувачки екопредизвик за заштита на животната средина
Во услови на пандемија на коронавирусот, организацијата Нула отпад својата едукативна мисија ја продолжи преку дигитална едукативна кампања „Безбедни во изолација со супер екоедукација”.
Со оваа кампања Нула отпад ги предизвикува децата од прво до деветто одделение да бидат екоистражувачи во дадената тема, да следат конкретни насоки за истражување, со цел да дојдат до најдобро екорешение.
Доколку едукативната кампања е успешна и пристигнат минимум 20 видеопораки за истражувачкиот екопредизвик на следната e-адреса: info@nulaotpad.com.mk, Нула отпад најдоброто екорешение и видео според оценувањето на стручното жири ќе го награди со главна награда електричен тротинет.
Сите останати учесници ќе добијат екодипломи за значаен придонес во заштита на животната средина од опасниот отпад.
Рок за испраќање на видеата, како што наведуваат во соопштението, е 15 јуни. Прогласување и објава на најдоброто видео со најдобро екорешение и најдобра екопорака ќе се случи на 20 јуни од страна на стручно жири од Нула отпад и соработниците на кампањата.
Како што соопштија од Нула отпад, првиот предизвик поминал со голем интерес и успех, и дал значаен придонес во подигнување на јавната свест за селекција и рециклирање е-отпад и отпадните батерии. Заради големиот интерес, Нула отпад одлучил да продолжи со својата дигитална едукативна кампања со втор истражувачки екопредизвик.
Оваа едукативна кампања е поддржана од Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за образование и наука, делегација на Европската Унија и Македонската асоцијација за управување со цврст отпад.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам