Нуклеарен отпад за безбедна криптовалута
Креаторите на криптовалутата Зкеш (Zcash) употребија радиоактивен отпад од некогашната советска нуклеарна ценрала во украинскиот град Чернобил за создавање на безбеден криптовалутен систем.
Рајан Пирс и Ендрју Милер го искористија радиоактивниот графит, земен од местото каде во 1986 година се случи голема нуклеарна катастрофа, за да произведат гама и бета зрачење со мал интензитет. Зрачењето им послужи за генерирање на случајно избрани броеви кои ќе бидат користени за креирање на криптографски параметри на Зкеш, со цел да не може да се „пробие“ кодот за креирање на криптовалутата.
- Целата постапка е направена за околу 30 минути за време на летот со мал приватен авион помеѓу американските сојузни држави Илиноис и Висконсин. Теоретски креиран е безбедносен код на Зкеш, истакна Милер.
Тој се пошегува дека по креирањето на безбедносниот код, криптовалутата би можела да биде отпорна и на нуклеарна катастрофа.
Зкеш во мометот се наоѓа на 26 место по вредност помеѓу светските криптовалути.
Ново на Сител
-
Усвоен планот за раст на Западен Балкан тежок 6 милијарди евра
-
Преглед на вестите од светот
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ