Нухиу изрази сочувство за загинатите во Истанбул
Министерот за внатрешни работи на Република Македонија Агим Нухиу во име на Министерството и во свое име до турскиот колега Сулејман Сојлу и амбасадорот на Турција во Македонија Тулин Еркал Кара изрази сочувство за загинатите во терористичкиот акт на новогодишната ноќ во Истанбул.
- Искрено се надевам дека преку интензивна меѓусебна соработка и искрено пријателство во иднина ќе бидеме сведоци на елиминирање на сите форми на тероризам, а со тоа и гарантирање на безбедноста на нашите граѓани. Длабоко сум убеден дека одговорните лица за овој кукавички чин ќе ги стигне раката на правдата бидејќи убивањето човечки животи во никој случај не може да биде оправдано и заборавено, истакнува Нухиу.
Порача дека во овие тешки моменти нашите молитви се со семејствата на загинатите и пријателскиот турски народ.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста