-->
-->
Нуди 11 милиони за да игра на Вембли
-->
Екипата на Челзи понуди 11 милиони фунти за да ги игра своите натпревари на Вембли додека трае изградбата на новиот „Стамфорд бриџ“ кој ќе биде со капацитет од 60 000 места.
Барање има и Тотенхем кој исто така ќе гради нов фудбалски храм со 56 000 места но понудата од овој клуб била за 3 милиони фунти пократка.
Изградбата на новиот стадион на Челзи ќе го чини Абрамовиќ 500 милиони фунти и како што најави русинот треба да биде Катедрала на фудбалот во Лондон.
ФФ на Англија притиска Челзи да се пресели на Вембли од 2017/18 година додека Тотенхем најверојатно ќе мора да ги игра мечевите на стадионот на Милтон Кин Донс или пак да го дели Олимпискиот стадион со Вест Хем.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-
Вработените во јавниот сектор ќе примаат подароци до 50 евра, без да се сметаат за мито
-
Незадоволство во Бугарија по усвојувањето на извештајот за Македонија во ЕП
-
Трамп - И Израел и Иран не го почитуваат примирјето
-
Мајка и три деца попладнево со авион ќе бидат евакуирани од Тел Авив во Атина
-
Почна дводневниот самит на НАТО
-
Извештајот на Вајц со „Македонски јазик и идентитет“ усвоен во АФЕТ - одбиени амандманите на бугарските европратеници
-
Таткото тепач во притвор, за детето жртва на насилство неопходна е стручна помош