НССРМ: Комплетен офталмолошки преглед барем еднаш годишно

По повод 10 октомври – Меѓународниот ден на видот, Националниот сојуз на слепите на Република Македонија (НССРМ) апелира до сите граѓани барем еднаш годишно да направат комплетен офталмолошки преглед.
– Едноставно е, заштитете го вашето здравје. Прегледот ќе ве чини 20 минути од вашиот ден, од вашата година, но ќе ви заштеди многу средства и ќе го сочува здравјето на вашите очи. Разбудете ја свеста бидејќи болестите на очите не се некаде далеку, тие се тука, насекаде присутни околу нас, се вели во соопштението од НССРМ.
Ова, како што се наведува, е најзначаен датум во важност за подигнување на свеста за здравјето на очите.
Според статистиката на Националниот сојуз на слепите, со стареењето на популацијата, миопијата и дијабетичната ретинопатија ќе го зголемат процентот на население со оштетен вид во декадата која ни доаѓа.
– Глаукомот не знае за возрасна граница. Погледете наоколу, погрижете се за вашите очи. Повеќе од билион луѓе во светот не можат да видат убаво бидејќи немаат пристап до очила. Уште денес закажете го вашите комплетен офталмолошки преглед кај врвните професионалци, се вели во соопштението.
Националниот сојуз на слепите на Република Македонија претставува национална инвалидска организација, непартиска, непрофитна, доброволна организација од посебен јавен интерес. Националниот сојуз на слепите претставува единствен легитимен претставник на повеќе од 2.550 слепи и слабовидни лица кои имаат оштетување на видот поголемо од 91 процент.
Ново на Сител
-

Владината реконструкција на дневен ред во Собранието
-

Нема опозициска средба на Изборниот законик
-

Мисајловски на увид на градежните работи во касарната Ќојлија
-

Прилеп доби Центар за услуги, граѓаните ќе може на едно место да ги добијат сите потребни документи
-

Светот го истражува македонскиот неолит
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со министерката за образование и наука, Весна Јаневска
-

САД ке ја предводи истрагата за инцидентот на „Рајанер“ што се случи на македонското небо
