НСРР: 40 отсто од кандидатите на листите да бидат жени
Националниот совет за родова рамноправноста (НСРР) денеска упати писмо до политичките партии во кое бара почитување на последната промена на Изборниот законик во член 63 за застапеност од 40% на жените на изборните листи.
- Со оглед на тоа дека во тек е процедурата за составување на листите за претстојните избори, апелираме и инсистираме на почитување на последната промена на Изборниот законик во член 63 за застапеност од 40% на помалку застапениот пол. Очекуваме дека ќе ја почитувате законската обврска при составување на листите за пратеници, се наведува во писмото.
НСРР, како организација која повеќе од 20 години работи на родовата рамноправност, бара, како што се наведува, почитување на Законот за еднакви можности и Изборниот законик со кои се гарантира почитување на квотите за рамноправна застапеност.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова ги прифати оставките на Комисијата за помилување
-
Бајден се надева дека последните израелски напади врз Иран ќе бидат „крај“ на директната размена на оган меѓу двете земји
-
Колективна оставка на Комисијата за помилување
-
Најмалку 81 лице го загуби животот во бурата „Трами“ на Филипините
-
Момче пријавило напад и повреда со остар предмет во Карпош, приведен малолетник
-
Пронајдена дрога во Битола, приведени две лица
-
Направени се вонредни инспекциски надзори на неколку универзитети
-
Приведен криумчар на мигранти во близина на селото Богородица