НСП: Обезбеден е повеќе од потребниот законски цензус за репрезентативност на синдикатот
Независниот синдикат на полицијата не добива решение за репрезентативност, иако е обезбеден потребниот законски цензус, додека се подготвува нов закон за работни односи и нови колективни договор, обвини на денешната прес-конференција Гоце Делчев Тодев, претседател на НСП и генерален координатор на сите независни синдикати во Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија.
Го повика премиерот Зоран Заев јавно да одговори и му порача „да внимава што се случува во Владата“.
- Министрите не може да ја тераат работата кој како сака. Има закон и законот кажува, ако исполни синдикатот цензус од 20 проценти Министерството за труд и социјална политика или министерот каде што синдикатот делува има обврска да даде документ за репрезентативност, да го повика синдикатот и да отпочне процес за колективно преговарање и договарање. Тоа во моментот не постои и го немаме, изјави Тодев.
Посочи дека е обезбеден повеќе од потребниот цензус од 20 проценти, што го бара Законот за работни односи за еден синдикат да биде репрезентативен и дека работниците ова не го заслужуваат.
- Министерството за внатрешни работи - 2.419, Министерство за земјоделство - 350, Министерство за правда - 373. Тоа се членови што ја дале поддршката и плаќаат членарина. Тоа ни го бараа до пред неколку години, го добивме. Сите податоци се на наша страна, изјави Тодев
Ново на Сител
-
Путин не оди на самиот на БРИКС во Бразил заради опасност од апсење
-
Папа Лав Четиринаесетти: Парите одат кај „трговците со смрт“ наместо во болниците и училиштата
-
Приведени пет лица од Турција на македонско–грчката граница, оствариле нелегален влез во државата
-
Две деца се степале на игралиште во Аеродром
-
Кривична против 46-годишник од Пробиштип, со остар предмет се заканувал на неговата сопруга
-
65-годишна жена од Австралија прегазена во Охрид
-
Кривична против три лица од Струга, физички нападнале малолетник и му нанеле тешки телесни повреди
-
Хамнеи прогласи победа на Иран над Израел во 12-дневната војна