Новото мнозинство подготвено го чека мандатот
Се е договорено за новата Влада но никој не сака да зборува пред мандатарот да го направи тоа. Во петок истекува рокот во кој Претседателката Силјановска е должна да му го довери мандатот на Мицкоски.
Веќе се шпекулира дека тоа ќе се случи во четврток, а Претседателка не исклучува дека е можно да не го чека последниот рок
И во таборот на новото мнозинство не откриваат многу детали иако не кријат дека работите се речиси договорени
И Таравари и Муцунски веројатно ги бројат последните денови како градоначалници во своите општини. Таравари се подготвува за министер за здравство, а Муцунски за нов шеф на дипломатијата. И додека Таравари не крие дека се вселува на Илинденска, Муцунски не сака да го скокне лидерот и партиските органи.
И додека новиот владин состав полека се комплетира, на ДУИ почна да му станува јасно дека во следниот мандат ќе биде во опозиција и дека во него, блокирањето на закони во Собранието веќе нема да биде опција.
Во моментот кога Мицкоски ќе го добие мандатот од Силјановска почнуваат да течат 20 дена во кои тој треба да го состави својот кабинет и заедно со програмата да му ги достави на Собранието. Новиот состав на Владата се гласа со апсолутно мнозинство од 61 пратеник.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар