Новороденче изгледа како старец од 80 години, има пори и густи влакна на грбот
Во Бангладеш е родено бебе кое изгледа како да има 80 години. Бебето боледува од ретко пореметување, во прашање е прогерија, поради кое старее многу побрзо од здравите деца.
„Има изразени знаци на стареење како на пример пори и груба кожа. Воопшто не изгледа како новороденче“, изјави докторот кој го лечи.
На родителите неговиот изглед не им смета и среќни се поради приновата.
„Можеме да му се заблагодариме на Бог. Немаме причина да бидеме несреќни поради нашиот син. Ќе го прифатиме таков каков што е. Среќни сме што имам мало момче во куќата“ кажа татко Бисвајит Патро за своето дете кое го сметаат за чудо.
Инаку синдромот е познат како Хачинсон - Гилфордов синдром на проферија и погаѓа една во 4 милиони личности. Заболените не живеат подолго од 13 години и изложени се на секојдневни здравствени проблеми. Синдромот предизвикува грешка на еден ген, поради што произведува погрешен протеин, прогерин. Кога прогеринот ќе се најде во ќелиите, тие се распаѓаат многу побрзо отколку кај здравите луѓе.
Ново на Сител
-
Вонреден состанок на управувачкиот комитет за кризи поради пожарот во Трубарево
-
Тема на денот со доктор Злате Мехмедовиќ
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
-
На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи
-
Владата планира целосно автопатско решение на Прилеп со изградба на автопат од Прилеп до Фариш преку Плетвар
-
Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро