Новоизбраниот бугарски претседател положи заклетва
Новоизбраниот бугарски претседател Румен Радев положи денеска заклетва, а инаугурацијата ќе биде одржана в недела.
Радев го наследува претходниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев.
Радев (53) поранешен командант на военото воздухопловство се образувал во САД; а за претседател е избран со поддршка на опозициските социјалисти на 13 ноември минатата година и е петти демократски избран претседател на Бугарија.
Тој изрази одлучност во намерата Бугарија да ја задржи во НАТО и ЕУ, нагласувајќи дека тоа е стратешки избор, кој не би требало да се доведува во прашање.
Тој со тоа ги демантира претходните критики дека Бугарија ја очекуваат промени во геополичката положба поради изјавата дека треба да се укинат санкциите против Русија.
- Надворешната политика на Бугарија би требало да остане тука во Бугарија, а да се брани во странство, а не обратно, рече Радев, додавајќи дека неговата политика би требало да биде отворена кон светот и да придобива пријатели и партнери, а не непријатели.
Иако претседателот во Бугарија нема извршна моќ и сите одредби прво мора да ги одобри Собранието, гласот на народот и дава на оваа функција поголемо влијаие и авторитет.
Првата задача на Радев ќе биде да воспостави привремена влада, откако Владата на премиерот Бојко Борисов поднесе оставка. Исто така мора да го распушти Собранието и да одреди датум за избори.
Ново на Сител
-
Без да плати со приватно возило поминувал патарина, кривична за началник
-
Кина: Го почитуваме изборот на американскиот народ
-
Гори Безистенот во Струга
-
Макрон му честита на Трамп
-
Зеленски му честиташе на Трамп: Верувам во продолжување на американската поддршка за Украина
-
Нетанјаху му честиташе на Трамп: Најголемото враќање во историјата
-
Под дејство на дрога 46 годишен скопјанец со голема брзина прегазил жена и избегал
-
Мицкоски му честиташе победа на Трамп