Новогодишни пакетчиња добија пациентите во Детската болница – Козле

Над сто новогодишни пакетчиња им беа поделени на децата кои се лекуваат во Детската болница – Козле. Пакетчињата се донација од бугарското Министерство за надворешни работи.
По тој повод во посета на болницата беа градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев и амбасадорот на Република Бугарија во Македонија, Ангел Ангелов.
– На иницијатива на Бугарската амбасада поделивме пакетчиња за децата кои се лекуваат во болницата. Сакавме да ги израдуваме овие дечиња. Планираме да поделиме пакетчиња и на децата од социјално загрозените семејства на територија на општина Карпош, истакна Богоев.
Амбасадорот Ангелов рече дека пакетчињата се донација од бугарското Министерство за надворешни работи.
– Сметаме дека децата се иднината на општеството и треба да бидат вклучени во сите дејности. Иако се болни, тие треба да се чувствуваат инкорпорирани во нормалниот живот. Ако Дедо Мраз прави чуда и барем на едно дете му помогне значи сме ја завршиле работата, додаде Ангелов.
Директорот на Детската болница – Козле, Ангелчо Андоновски се заблагодари на сите кои сакаат да помогнат на децата. – Градоначалникот на општина Карпош и бугарскиот амбасадор со своите добри намери им изнудија насмевка на дечињата, додаде Андоновски.
Новогодишни пакетчиња денеска ќе добијат и децата кои се лекуваат на Клиниката за детски болести и на Клиниката за онкологија. Ќе им ги поделат градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и бугарскиот амбасадор Ангелов.
Ново на Сител
-

Две лица пренесени во болница по сообраќајка кај скопската обиколница
-

Мицкоски: Годинава првпат петтоцифрена бројка на номинален БДП по глава на жител од 10 500 долари
-

Апел за донации: Потребна е помош за лекувањето на малата Милена
-

Еден загинат при уривање на дел од магацин во пристаништето во Антверпен
-

Приоритетни области за инвестиции во здравството презентирани на средба на Алиу со претставници на Светска банка
-

Пораст на заболените од грип во државава
-

Починат 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино по кого се трагаше од јануари годинава
-

Секој трети граѓанин во земјава дал мито за да му се заврши некоја работа, покажуваат податоците на МЦСМ
