„Новогодишни бои на Скопје“ - натпревар за најдобро украсени објекти
Град Скопје и оваа година ја организира манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје“ - натпревар за најинтересно и најкреативно новогодишно украсување на домови и работни простории, кои придонесуваат во разубавување на празничниот амбиент на градот.
Традиционално, ќе се избираат најубаво новогодишно украсени: двор од индивидуална станбена куќа; тераса од стан; угостителски објект (надворешно) и двор на средно училиште.
Заинтересираните граѓани и правни субјекти кои сакаат да се натпреваруваат може да се пријавуваат од 7 до 21 декември 2015 година, на телефонскиот број 3297 265, од 9 до 16 часот.
Фотографиите од украсените објекти, заедно со податоците за сопствениците, телефонскиот број и адреса, учесниците треба да ги пратат на интернет-адресата: mediumi@skopje.gov.mk или на адреса: бул. „Илинден“ бр.82, со назнака: За манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје“.
Пријавените објекти ќе ги посети жири-комисија составена од претставници на медиумите.
- Градот Скопје и годинава обезбеди награди од 10 000 денари, што ќе им бидат доделени на првонаградените од трите категории, исто така ЕВН Македонија ќе ги ослободи првонаградените во сите категории, еднократно од плаќање на сметката за потрошена електрична енергија за декември 2015 година, соопшти Град Скопје.
Наградите на најуспешните на крајот на декември ќе им ги додели градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, со претставници од ЕВН Македонија.
Ново на Сител
-
Сакала да му раскине, но добила закани од дечкото дека ќе сподели интимно видео
-
Кривична против 32 годишен охриѓанец, за сторено кривично дело измама
-
Уапсен 39 годишник од кичевско, со 1,80 промили алкохол во крвта управувал со возило
-
Израелски авиони погодија зграда во предградие на Дамаск
-
Од следната недела пад на дневните температури за 7 до 10 степени
-
Шмихал: Украина доби околу 1,7 милијарди долари во рамките на иницијативата на Г7 ЕРА
-
Почина ортопедот д-р Глигор Џолев
-
МВР вчера изврши 52 претреси - пронајдено е оружје, дрога и пари | ФОТО