Новогодишната ноќ во Стразбур беше помирна во споредба со лани
Според полициски извори новогодишната ноќ била помирна во споредба со ланската во однос на урбаното насилство, јави дописникот на МИА.
Сепак и покрај релативната смиреност биле притворени триесетина лица, најмногу од нив млади лица.
Истовремено, жандармеријата во Стразбур запленила околу 130 килограми петарди кои се забранети за употреба за време на празниците.
Посебно тезнично било во квартот Неухов во Стразбур, каде полицијата била изложена на проектили од огнометни ракети и фрлања на петарди, а пожарникарите интервенирале за гаснење на отпад. Сепак во овие инциденти немало директен контак меѓу младите и полицијата.
Засега не се знае колку автомобили се опожарени – традиционална активност за новогодишните празнувања во предградијата на Стразбур.
За новогодишната ноќ во Стразбур нема повредни ниту во редовите на силите на редот, ниту кај насилниците.
Ново на Сител
-
Исчезната жена во Скопје, семејството моли за помош
-
Австрија ја прогласи целата земја за ризична област поради појава на птичји грип
-
Ѓердан што сведочи за пропаста на Марија Антоанета оди на надддавање
-
Реформската агенда на владата пред пратениците
-
Мицкоски оптимист по средбата со Макрон
-
Предвремени избори - Затворена тема
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати мерките
-
ДУИ: Се партизира судството