Новогодишната елка на плоштад „Македонија“ ќе светне утревечер
Новогодишната елка што е поставена на плоштадот „Македонија“ ќе светне утревечер во 19:30 часот, а ќе почне со работа и новогодишниот базар „Винтерленд 2020“. Со тоа, во Скопје и официјално ќе почне празнувањето во пресрет на највеселиот ден во годината, а граѓаните ќе имаат можност да ја почувствуваат новогодишната магија и да уживаат во најразновидна забавна програма.
Како што соопшти Град Скопје, новогодишните куќички на „Винтерленд“ се сместени на новиот плочник меѓу ГТЦ и плоштадот, а новогодишната програма ќе трае 25 дена – од отворањето на базарот, па се до 31 декември, до дочекот на Новата 2020 година. Во близина на куќичките ќе биде сместена и мала сцена на која секојдневно ќе се организираат настани кои ќе го привлечат интересот на сите граѓани, без разлика на возраста. На овој простор ќе има и катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер.
Во работните денови секој ден ќе има два часа детска програма која ќе почнува околу 16 часот, а подоцна ќе има три часа програма за возрасни. За време на викендите е планирана целодневна програма која ќе почне точно напладне.
Градот Скопје ги поканува граѓаните утревечер да дојдат на плоштадот „Македонија“, од 17:30 часот да ја проследат детската новогодишна програма, а потоа, во 19:30 часот да присуствуваат на осветлувањето на новогодишната елка. Сите заедно да уживаме во културно – забавните содржини кои ќе ги збогатат деновите до најлудата ноќ, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Прилепчанец приведен за тешка кражба
-
Тешко повредени мајка и нејзините две деца откако нејзиниот вонбрачен партнер ги исфрлил од возило
-
Загина 27-годишен мотоциклист по сообраќајка на патот Охрид - Св. Наум
-
Зеленски ќе патува во Саудиска Арабија додека европските лидери одржуваат состанок за одбраната
-
Уапсен малолетник во Аеродром, се шетал со боксирач
-
Скопје маршира за женски права: „Нека јадат ружи!“
-
Калас: Русија не е заинтересирана за мир
-
Маж со палестинско знаме се качи на Вестминстерската палата