Македонија
26. December 2017 - 8:27

Новогодишна хумана акција „12 елки - 12 медиумски приказни“

Претставнички на Форумот на жени при Влада на Република Македонија денеска во трговскиот центар „Сити мол“ ќе им донираат новогодишни подароци на деца од 12 социјално загрозени семејства.

Новогодишната хумана акција „12 елки - 12 медиумски приказни“ се организира во соработка со 12 македонски медиуми и ќе трае до 4 јануари 2018 година.

Секој од медиумите има новогодишно декорирана елка и под неа ќе собира подароци што ќе бидат донирани за деца на едно социјално загрозено семејство. 

Подароците ќе ги донираат Цветанка Ласкова, советник за култура на премиерот Зоран Заев, и две претставнички од Форумот на жени при Владата на РМ.