„Новогодишна бајка“ театарска претстава во Ресен
Во кино салата во Ресен се одигра детската претстава „Новогодишна бајка“, во изведба на учесници на драмската секција, која работи во состав на Домот на културата „Драги Тозија“.
Автори на претставата, сценаристи и режисери се Даринка Веслиевска и Сотир Чаушевски, членови на возобновената драмска секција.
Директорот на Домот, Васко Василевски смета дека е неопходно да продолжи традицијата со театарот во Ресен.
– Градот Ресен, но и Преспа, отсекогаш ја негувале традицијата на театарската уметност, па така и сега, препознавајќи ја потребата од активирање на новите таленти, повторно се возобнови драмската секција. Како прв производ на возобновената работа на драмската секција, предводена од Даринка Веслиевска и Сотир Чаушевски, кои воедно се автори на текстот, сценариото и режијата произлезе и „Новогодишна бајка, рече Василевски.
На плоштадот „Цар Самуил“ во организација на Домот на културата „Драги Тозија“, се одржа новогодишен концерт, на кон настапија децата од градинката „11 Октомври“ и учениците од основните училишта во Царев Двор, Подмочани, Љубојно и од основните училишта „Мите Богоевски и „Гоце Делчев“ од Ресен.
Ново на Сител
-
Mнозинството пратеници со недоверба за членовите на Судскиот совет, СДСМ и ДУИ ја напуштија расправата
-
Интерпелации во Собрание, а Судски совет во редовна работа
-
Таравари не дава „Ѓока констракшн“ да стопанисува со паркингот на Клинички - го поништи огласот
-
Одбележани 82 години од депортацијата на македонските евреи во логорот Треблинка
-
Интерпелациите на петте членови на Судски совет пред пратениците
-
СДСМ бара ДКСК да ги истражи тендерите во Министерството за дигитална трансформација
-
82 години од депортацијата на македонските евреи
-
Таравари ќе го поништи тендерот за паркингот на клинички