Новогодишна атмосфера во Струмица
Без организиран дочек на плоштад, но со полни угостителски објекти Струмица ја испрати старата и пречека новата година. Освен домашните, 2024 во Струмица ја дочекаа и голем број туристи од странство, претежно од соседните држави. Некои од нив тука дојдоа само за дочекот, а други престојуваат неколку дена.
Мирно и без многу работа поминаа и дежурните служби. Полицијата и противпожарната единица имале по две интервенции, додека итната медицинска помош добила околу педесетина повици. Најголемиот дел од нив биле хронично болни лица и со покачен крвен притисок.
Иако во мал број, синоќа неколку граѓани биле повредени од користење пиротехнички средства, но за среќа поминале со полесни повреди.
Помош од лекарите побарале и неколку млади луѓе во алкохолизирана состојба, а мобилните тимови на Брзата помош имале и четири интервенции на терен.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар