Новогодишен концерт етно хармоника во Крива Паланка

Студентите по етно хармоника на Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“, Штип синоќа одржаа новогодишен концерт во националната установа Центар за култура, Крива Паланка.
Кривопаланечката јавност уживаше во концертот на првата генерација студенти по етно хармоника од класата на проф.д-р Илчо Јованов.
- Концертот во Крива Паланка следува по турнејата низ повеќе градови во државата. Универзитетот е отворен во 2007 година, а Одделот етно хармоника го отворив јас пред четири години. На овие простори на Балканот има ваков отсек само во Пловдив, Бугарија и кај нас. Ја негуваме фолклорната традиција на Македонија, богатата фолклорна ризница од која вечерва на програмата беше инструментална музика од наши автори, за хармоника и други инструменти, рече проф. д-р Илчо Јованов, професор по етно хармоника на Музичка академија на Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.
Програмата опфати 13 етно композиции од авторите Кочо Петровски, Милан Завков, Благоја Десковски, Иван Терзиев и Илчо Јованов.
На концертот настапија и тројца паланчани, Марјан и Мартин Бошковски и Виктор Ристовски, исклучително талентирани инструменталисти-хармоникаши.
- Од првата генерација треба да дипломираат тројца хармоникаши, а вашите сограѓани Бошковски и Ристовски се исклучително надарени, имаат талент, упорни се и нивното музицирање е на високо ниво, што ветува светла иднина за нив, дополни Јованов.
На едночасовниот хармоникашки спектакл публиката уживаше во прекрасните звуци на хармоника со композициите Илчово оро, Печалбарско оро, Естрадно оро, Маестрално оро, Драчевка, Каравлашко, Играорна фантазија и други.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Епидемија на заразна болест во Гостивар
-

Километарски колони на границата со Грција, топлотниот бран ги натера Македонците спас да бараат на море
-

Утре средба за маржите на храната, РКЕ ќе носи цени на горивата, Собранието ќе гласа кризна состојба
-

Реформската агенда поле за нова партиска пресметка
-

Дојран го очекува шпицот на сезоната, најавена богата културно забавна програма
-

Домашното јунешко месо без купувачи, сточарите пред колапс
-

Охрид полн со туристи
