Македонија
3. February 2018 - 13:57

Ново улично осветлување во Гевгелија

На улицата „Ѓорги Сугарев“ во Гевгелија синоќа проработи новото осветлување откако по нејзината должина од 150 метри беа поставени седум канделабри со височона од четири метри кои овозможија нејзино целоно осветлување.

Од општината посочија дека во наредниот период нови линии за улично осветлување ќе бидат поставени уште на неколку помали улици во градот.

Редовно се одвива и санирањето и отстранувањето на дефектите на уличното осветлување, така што во изминативе три месеци по пријава од граѓаните биле извршени вкупно 55 интервеции на мрежата на уличното осветлување во градот и општината. 

Покрај ова, од Општина Гевгелија потврдија дека од производителот „Филипс“ е обезбедена донација за замена на старите 22 светилки со нови штедливи на улицата од бензинската пумпа „Шимов“ до мотелот „Вардар“ и за замена на сите сијалични места од 110 вати на влезната улица во селото Прдејци како пилот проект.