Ново страшно предупредување: За 600 години на земјава ќе биде пекол

Тој на самитот "Tencet WE" во Пекинг преку видео-повик предупредил дека преголемото користење на енергија ќе ни се одбие од глава во блиска иднина.
Стивен Хокинг, еден од најпознатите физичари и најголеми умови на денешницата, предвидува дека на Земјата во 2617. година ќе биде вистински пекол.
Како што вели, човекот ќе биде виновен за крајот на животот на Земјата, што ќе се случи така што Планетата ќе стане една голема "вжештена топка".
Како што вели, за да се спасиме, човекот мора да "оди таму каде никој никогаш не бил", алудирајќи на милионското истражување и инженерскиот програм "Breakthrough Starshot" најавен во 2016. година, а во кое вклучен и сопственикот на Фејсбук, Марк Цукерберт.
"Идејата која стои зад оваа иновација е нанокрафтовите, роботски сонди тешки само неколку грама, да возат на светлосни зраци. Таквиот систем би можел да дојде до Марс за помалку од еден час, до Плутон за неколку дена, а до ѕвездата Алфа Кентаур за нешто повеќе од 20 години", рекол Хокинг, зборувајќи за меѓуѕвездената програма за патување и истражување на планетите кои орбитираат околу непознати ѕвезди.
Хокинг исто така зборувал и за блиската технолошка иднина, велејќи дека ефикасната вештачка интелигенција би можела да биде најголем настан во историјата на нашата цивилизација, но воедно и најлош.
Ново на Сител
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
-

Арбен Фетаи станува специјален претставник во ЕУ – Партиите со бурни реакции
-

Повисока пензија со воведување мултифондови, а не со национализација на приватните пензиски друштва
-

Нови онлајн услуги за земјоделските производители, преработувачите, винарниците и извозниците
-

Преглед на вестите од светот
-

Гаши: Законот за правична застапеност нема да се донесе тајно, кога ќе има услови да се стави на гласање
