Ново рочиште за „Титаник“

Во Основниот кривичен суд Скопје за денеска е закажано ново рочиште за случајот за изборни нерегуларности „Титаник“, што од СЈО го презеде во надлежност и натамошно постапување Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
Случајот „Титаник“ се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова.
Се изведуваат материјални докази предложени од обвинителството. Досега се изведени околу 5.400 од над 5.900 докази.
Освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, во „Титаник“ се обвинети и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.
Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.
Ново на Сител
-

Во вторник терестричната дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Скопје
-

Санкционирани 72 возачи на лесни електрични возила низ државата
-

За една недела 1.576 прекршоци за брзо возење
-

Водата од водоводниот систем во Гостивар е безбедна за пиење
-

Јаневска: Квотите за упис се намалени на сите универзитети, завршува дистрибуцијата на учебниците во училиштата
-

Кривични за родители од Желино за запуштање на нивното дете
-

18-годишна девојка лажно пријавила дека со нож повредила непознато лице
-

37-годишен скопјанец приведен за измама од над 7.000 евра
