Ново рочиште за „Рекет“, ќе сведочи обвинителката Елизабета Јосифовска
Обвинителката на СЈО и заменичка на екс шефицата на истото обвинителство, Елизабета Јосифовска, денеска ќе сведочи за случајот Рекет.
Таа беше меѓу првите повикани сведоци од кои обвинителството за организиран криминал и корупција бараше информации за случајот.
Тогаш Јосифоска потврди дека по налог на Јанева која била отсутна, го потпишала документот за враќање на пасошот на бизнисменот Јордан Камчев..
Во случајот Рекет обвинети се екс шефицата на СЈО, Катица Јанева и Бојан Јовановски - Боки 13.
Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева за „злоупотреба на службена положба и овластување“ како и „примање награда за противзаконито влијание“.
Според обвинението, Кичеец и Боки 13 од бизнисменот Орце Камчев побарале 8 милиони евра за со амин на Јанева да го спасат од прогон за случајот „Империја“. Во своето сведочење пред судот, Камчев потврди дека од бараната сума, тој исплатил 1,5 милион евра.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Царината спречила шверц на лекови, стоматолошки материјали, очила со диоптер, цигари
-
Зеленски бара директни преговори со Путин во Турција
-
Претрес во валандовско, пронајдена марихуана, приведено едно лице
-
Суд на ЕУ: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините
-
Тричковски стави крај на својата играчка кариера
-
Напаѓачот на Нотингем Форест ставен во медицински индуцирана кома
-
Конституиран новиот Управен одбор на КФСМ, Ѓуроски нов потпретседател
-
Винисиус сакал 30 милиони нето плата по сезона за да го продолжи договорот со Реал Мадрид