Ново рочиште за „Монструм“
Во Кривичниот суд во Скопје денеска ќе продолжи судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година.
На минатото рочиште беа презентирани докази обезбедени со посебни истражни мерки, на кое јавноста беше исклучена. Судијата Огнен Ставрев рече дека ќе побара средба со министерката за правда Рената Дескоска, на која ќе бара информација за екстрадицијата на бегалците Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои со години се наоѓаат во Косово.
Случајот „Монструм“ во февруари минатата година почна од почеток, откако случајот го презеде СЈО.
За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.
Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост.
По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде Специјалното јавно обвинителство и предметот беше вратен на повторно судење.
Ново на Сител
-
Утре посвежо со локален дожд и грмежи, од вторник претежно стабилно и потопло
-
Приведен скопјанец, возел со 3,30 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка
-
Жена и ставила перница на глава на бабата на својот сопруг и пробала да ја задуши
-
Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата
-
На „Табановце“ се чека околу 40 минути, на „Богородица“ половина час
-
Русија ликува по Самитот на Трамп, а Путин наводно ги бара Доњецк и Луганск
-
Поради пожарот во „Јасен“, се уште затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата