Ново противожарно возило за општина Велес со грант од Јапонската влада
Центарот за развој на Вардарскиот плански регион со средствата добиени преку грант од Јапонската влада ќе набави ново противпожарно возило „фолксваген амарок“ кое ќе се користи за урбаните средини, но и за гасење шумски пожари.
- Возилото ќе биде опремено со еден сет за гасење пожар, ќе носи резервоар со 550 литри вода, а ќе има и една стабилна и три рачни радиостаници за комуникација, како и лична заштитна опрем, информира денеска на прес-конференција Марко Колев, раководител на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион.
Вакво возило веќе има Територијалната противпожарна единица во Велес и досегашните искуства, како што појасни командирот на ТППЕ, Љупчо Лепидовски, се позитивни.
Единствената разлика меѓу двете возила е тоа што веќе постоечкото има помал резервоар за вода од 350 литри.
Од Општина Велес информираат дека во наредниот период се планира поставување на надземни хидранти на улиците во високите градски зони со цел да се подобри противпожарната заштита.
Договорот за грант од Јапонската влада беше потпишан вчера во Скопје. Со него, Центарот за развој на Вардарскиот плански регион доби грант од 60.442 евра за набавка на ново противпожарно возило.
Ново на Сител
-
Експерти: Системската корупција останува проблем кој сериозно влијае на безбедноста на државата
-
Тутунарите се надеваат на добри откупни цени на тутунот
-
Повеќе од 5.000 апликации за земјоделски субвенции во Струмица
-
За три месеци 94 сообраќајни незгоди
-
Преглед на вестите од светот
-
Експерти: Со стартот на кампањата ќе се интензивира негативната реторика
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Генерално собрание на ОН во Њујорк