Ново обвинение за поранешниот американски претседател Доналд Трамп
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се соочи со ново обвинеие за обид да го поништи исходот од претседателските избори во 2020 година во Џорџија. Во обвинението тој и уште 18 лица се товарат и за фалсификување и рекетирање. Ова е четврто обвинение против екс-претседателот и второ обвинение поврзано со изборите. Меѓу оние против кои е покренато обвинеие се и поранешниот шеф на кабинетот на Трамп во Белата куќа, Марк Медоус и поранешниот адвокат на Трамп, Руди Џулијани. Според обвинението тие направиле заговор со цел „противзаконски да го променат исходот од изборите во полза на Трамп“. Во реакцијата, Трамп порача дека се работи за лов на вештерки, политички наместени и мотивирани обвиненија, но од обвинителството го тврдат спротивното.
Над 35 луѓе загинаа во експлозија на бензинска пумпа во Махачкала, главниот град на руската република Дагестан. Хоспитализирани се 60 тина лица, а потешко пшовредените се пренесени во Москва.
Експлозијата се случила откако се запалил блискиот сервис за автомобили, а пожарот потоа се проширил на бензинска пумпа.
Властите најавија дека семејствата на загинатите ќе добијат по еден милион рубљи.
Тројца бугарски државјани се уапсени во Велика Британија под сомнение дека шпионирале за Русите.
Станува збор за Орлин Русев, Бизер Џамбазов и Кетрин Иванова обвинети дека поседувале лажни документи за идентификација, пасоши, лични карти и други документи од Велика Британија, Бугарија, Франција, Италија, Шпанија, Хрватска, Словенија, Грција и Чешка. Триото живеело во Британија работејќи на различни работни места и престојувајќи во низа имоти во предградијата.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар
