Ново комунално возило во Кочани донираше Владата на Швајцарија
Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ од Кочани доби ново комунално возило вредно 240 илјади евра, специјализирано за чистење на канализациската мрежа.
Возилото е донација од Владата на Швајцарија во рамки на проектот за изградба на пречистителна станица за отпадни води.
- Се работи за возило “канал џет“ што досега го немавме, па плаќавме високи суми за негово изнајмување од другите комунални претпријатија во државата. Тоа ќе ни овозможи полесно и поредовно одржување на канализациската мрежа, а истовремено значително ќе ги намали трошоците во работењето, истакна Андреј Киров, директор на КЈП „Водовод“.
Од Швајцарскиот секретаријат за економски прашања – СЕКО, преку кој се реализираше донацијата, рекоа дека очекуваат возилото да го опслужува поширокиот регион.
- Заради нормално одржување на системот за пречистување на отпадните води неопходна е соодветна опрема и веруваме дека ова возило ќе помогне за таа цел. Се работи за современо возило што го има само во неколку градови во Македонија, а наша цел е со донацијата да им помогнеме на општините што гравитираат во регионот околу Кочани, истакна претставникот на СЕКО, Клиф Хамер.
Кочанското комунално претпријатие досега располагаше само со две постари возила со кои се одржуваше канализациската мрежа, а поради честите дефекти услугите се извршуваа нередовно и со потешкотии.
Ново на Сител
-
Македонија води на полувреме против Словенија
-
Без струја утре делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров
-
Челси не сака да го задржи Санчо
-
Стани мастер на својот ум | Кристина Дескоски | Личен развој | Sitel Podcast 085
-
Обвинителството соопшти дека поради намален ризик од бегство Јахоски добил куќен притвор во случајот за набавка на мазут
-
Жена удрила 18-годишно девојче со автомобил, па избегала
-
БНД: Коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан
-
Приведен 74-годишен маж од Скопје, бил агресивен кон полицајци