Ново издание „Басни од Македонија“ на здружението „Браво сине“

Нова едиција басни од усното творештво на Македонија во модерно издание денеска промовираа Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ „Браво сине“ и издавачката куќа „Арс ламина“.
Едицијата „Басни од Македонија“ е составена од басните „Кучето и зајакот“, „Лакомата мечка“, „Војската на лавот“ и „Жабата и глушецот“. Креативните илустрации за басните се дело на Катерина Николовска.
Ангелка Пеева Лауренчиќ, од движењето „Браво сине“, рече дека новиот проект со басни е продолжение на проектот со бајки од македонското народно творештво.
- Новите басни од Македонија, веќе од утре ќе можат да бидат во рацете на најмладите читатели. Едицијата „Бајки од Македонија“ е одлично прифатен и покажа дека читателската публика, а особено најмладите сакаат квалитетно четиво. Денеска веќе таа наликува на сериозен бренд од Македонија, рече Луаренчиќ.
Лауренчиќ, по повод денешната годишнина од основањето на „Браво сине“, рече дека идејата на движењето од самиот почеток е да го открие креативниот капацитет на младите луѓе и од заборавените национални вредности да направи видливи, автентични брендови, кои ќе можат да живеат и понатаму.
Билјана Црвенковска, од „Арс Ламина“, рече дека „Басни од Македонија“ се изворно земени од делата на Марко Цепенков и адаптирани како модерен и поприфатлив јазик за денешните деца.
- Бајките се бајковити и имаат еден ѕвездест изглед и една поинаква бајковидна нота, додека басните се како што денеска децата ги замислуваат животните, многу шарени, слатки и привлечни за помала возраст, изјави Црвенковска.
Едицијата „Бајки од Македонија“ е достапна на македонски, англиски и албански јазик, а има и издание во Браево писмо.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
