Ново инклузивно игралиште за деца со посебни потреби во Тафталиџе
Скопјани добија ново мултифункционално детско игралиште. Лоцирано е до Пожарната во Тафталиџе, а справите се прилагодени и безбедни и за деца со попреченост. Игралиштето е изградено од донација на Видеолотарија Касинос Австрија, за кое компанија обезбеди околу 19.000 евра.
„Видеолотарија во својот план за општествено одговорна компанија планира еден амбициозен проект во рамките на кој што на неколку локации низ нашава земја планираме да изградиме повеќенаменски и спортски игралишта. Во рамките на овој проект првото игралиште со кое што ја започнавме реализацијата на оваа идеја е токму ова игралиште, за кое што Видеолотарија Казинос Австрија обезбеди донација од 1 милион денари. Целта на овој амбициозен проект ни е на некој начин да поттикнеме забава, игра, а воедно и да ги мотивираме дечињата да развиваат здрави навики и да го градат својот спортски дух”, вели Вики Чадиковска од Државна видеолотарија на Македонија.
Дел од проектот е и Макпетрол, од каде донираа зеленило за хортикултурното уредување, со што компанијата ја потврдува својата определба за заштита на животната средина.
-
Мирјана Јовеска
Сите содржини од овој новинар
