-->
-->
Ново финале за Ѓоковиќ
-->
Новак Ѓоковиќ избори пласман во финалето на Мастерс турнирот во Синсинати, откако по голема борба во меч во кој не блескаше, го победи Украинецот Александар Долгополов со 4:6, 7:6, 6:2.
На Мастерсот во Синсинати Ѓоковиќ нема освоено ниту една титула, а со победата над Долгополов се избори за своето петто финале на овој турнир.
Ѓоковиќ против Долгополов се наоѓаше на работ на бездната, се до тај брејкот на вториот сет во неговата игра ништо не функционираше, но сепак успеа да се извлече и да забележи победа. Украинецот слично како и во нивниот меѓусебен дуел на Мастерсот во Мајами го териризираше противникот со разорниот форхенд, но психички не го издржа протисокот во клучните моменти.
Во тај брејкот од вториот сет Долгополов најпрвин имаше предност од 3:0, а потоа при водство од 5:4 имаше два сервиси но не успеа да ги материјализира.
Кога така лесно го загуби сетот, Долгополов во решавачкиот сет потона и психички и физички што светскиот број 1 знаеше да го искористи и да слави победа.
Ѓоковиќ, кој в недела ќе се бори за својата 25-та титула на турнирите од Мастерс серијата, мечот го заврши со скромни 14 директни поени и дури 40 неизнудени грешки, додека Долгополов имаше 36 директни поени и 55 неизнудени грешки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Татко физички си го нападнал малолетниот син во неготинско
-
Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани
-
На Табановце се чека половина час, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Неготичанка пријавила дека била физички нападната од својот партнер од Скопје
-
Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана
-
Под контрола два пожари на отворен простор
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено