Новите врнежи ќе го зголемат нивото на реките
Тренд на намалување се бележи кај водотеците на реките, но се очекува новите врнежи за време на викендот да влијаат врз зголемување на нивото на реките главно во јужните и западните делови од државата.
Хидролошките мерења покажуваат дека во моментот генерално водотеците на реките се околу и над месечниот просек за десетгодишниот период од 2005 до 2014 година. Поголеми отстапувања од просекот има кај реката Треска кај Македонски Брод, реката Пчиња кај Катлановска Бања, реката Вардар и реката Сатеска кај Ботун.
Според најавата на синоптичарите под влијание на влажна и постудена воздушна маса за време на викендот ќе има врнежи од дожд, а на повисоките места и планините ќе врне снег. Пообилни врнежи ќе има во сабота во јужните и југозападните делови каде се очекува вкупната количина на наврнат воден талог да надмине 30 л/м2. Во недела се очекува снег да врне и до околу 800 метри надморска височина така што на повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините во западните и јужните делови ќе се зголеми.
Во сливовите каде врнежите ќе бидат од снег, зголемувањето на водотеците ќе биде позабавено во однос на сливните подрачја каде врнежите ќе бидат од дожд.
– Иако не се очекуваат поголеми количини на врнежи, сепак поради влажните почви и нивната мала способност да влијаат поголеми количини на вода, треба да се внимава на можна појава на локални излевања на веќе познатите критични места и тоа во сливовите на реките Треска (горен тек со притоките), Црна Река (горен тек со притоките), притоките на р.Радика и Црн Дрим, притоките на р.Вардар горен тек, реките околу Баба Планина, Ниџе, Кожув, Бабуна, велат од УХРМ.
Ново на Сител
-

Судски совет и државниот обвинител со оценка за извештајот на ЕУ
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски за злоупотребите со ИПАРД: Има да одговараат од еден до последен
-

Државниот обвинител го повика Ѓорѓиевски да ги пријави злоупотребите во јавните претпријатија
-

Вреди не отстапува на местото на Изет Меџити да дојдат двајца нови министри
-

Во притвор мајката што го претепа 6-месечно бебе - За него ќе се грижи згрижувачко семејство
-

Застрелан ловџија во Конче, друг ловџија пукал во него од небрежност
-

Следната недела почнува судењето за „Пулс“, 15 обвинители ќе го водат предметот
