-->
-->
Новите снежни врнежи не направија проблеми во Тетовско
-->

Сите патишта во Тетовско се проодни. Како што информира Општинскиот кризен штаб, новите снежни врнежи не направија проблеми во патниот сообраќај. Ситуацијата се следи будно, а механизацијата е постојано на терен.
- Наши екипи се постојано на терен и реагираат веднаш на расчистување на патиштата од снегот кој поради силниот ветер може да се спушти на некој коловоз, изјави Ука Алити од Кризниот шаб Тетово.
Според Кризниот штаб, денеска ќе се расчистува снегот од тротоарите во градот.
Од Јавното претпријатие Македонија пат - секција Тетово, пак, информираат дека сите автопати и регионални патишта во Тетовско се проодни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Капитол Мол донираше детски парк со реквизити на 1000 метри квадратни
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Димитар Ковачевски, пратеник и поранешен премиер
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето нема да одговара кривично
-

Демографската криза отвори нов политички судар
-

Јаневска: Часовите нема да се скратат, училиштата да постапуваат согласно протоколите за топло време
-

Прва седница по летната пауза на пратениците
-

Тргна градскиот воз Скопје - Зелениково, премиерот и градоначалникот први купија билети
