Македонија
20. August 2021 - 12:18

Новите мерки во Охрид и Струга резултираа со речиси празни угостителските објекти

Речиси празни угостителските објекти во Охрид и Струга .Сопствениците на кафетериите и рестораните долж  ривиерата не сакаа да коментираа пред камера но велат дека строго се придржуваат на протоколите бидејќи стравуваат од високите казни. Според туристичките водичи пак ваквите мерки се задоцнети тие од една страна ќе предизвикаат револт кај угостителите но ќе влеат и страв кај посетителите и промена на плановите за летување во градот.

Редари на врата им бараат вакцинални сертификати на гостите и на оние кои немаат ги враќаат но тие се револтирани бидејќи како што велат голем дел до туристите особено од странство се збунети,бидејќи  дошле на одмор не знаат за новите мерки.

Гужвите до раните утрински часови и бројните настани, концерти и свадби изминатиов период го зголемија бројот на ковид позитивни лица.