Новите хартиени сламки на Мекдоналдс не можат да се рециклираат

Новите хартиени сламки на Мекдоналдс, за кои американската компанија за брза храна ги опишува како еколошки, не можат да се рециклираат, објави Би-Би-Си.
Мекдоналдс минатата година ги исфрли од употребна пластичните сламки во сите свои ресторани во Велика Британија, иако можеа да се рециклираат, во согласност со еколошките одлуки.
Но, американскиот гигант за брза храна наведува дека новите хартиени сламки можат да се рециклираат, но оти поради нивната дебелина е отежнат процесот.
– Како резултат на повратни информации на купувачите ги зајакнавме хартиените сламки, така што иако материјалот може да се рециклира, нивната моментна дебелина го отежнува процесот, изјави портпаролот на Мекдоналдс.
Хартиените сламки ги произведува „Трансенд пекиџинг“ во јужниот дел на Велс.
И дел од клиентите на Мекдоналдс изразија незадоволство од новите сламки, наведувајќи оти тие се топеле пред да го испијат пијалакот, а посебно „милкшејкот“.
– Компанијата соопшти дека работи на изнаоѓање на решение, а 51.000 конзументи потпишаа петиција за враќање на пластичните сламки во рестораните.
Ново на Сител
-

Мартин Гоџо го фати крстот во Охрид
-

Дарко Митровиќ го фати крстот во Скопје, двајца завршија во болница поради премрзнување
-

Масовно одбележување на Водици низ Македонија
-

Во осветените води на Плетварското Езеро кај Прилеп по 6-ти пат се одбележа празникот Богојавление или Водици
-

Утре почнува второто полугодие – ако децата се болни да не одат на училиште, советуваат педијатрите
-

Заменик министерот за образование Алиу поднесе оставка
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Жана Базби
