Новите антикризни мерки пред Владата
Новиот пакет со антикризни мерки, наменети за најранливите категории граѓани, се очекува да биде усвоен денеска на седница на Владата.
Со мерките, како што најави вчера вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, ќе бидат опфатени над 400 000 граѓани, - пензионери, ученици, студенти, самохрани родители.
-Средствата од солидарниот данок ќе бидат искористени за антикризни мерки што очекуваме утре да бидат на седница на Владата и се насочени најранливите категории граѓани, тука спаѓа најголемата група граѓани, пензионерите, кои ќе добијат одреден надомест неколку месеци, како и ученици, студенти, самохрани родители, итн...Буквално, најранливите категории. Опфатот ќе биде навистина голем, над 400 илјади граѓани ќе бидат опфатени со мерките, за тоа се користат средствата од солидарниот данок, рече вчера Битиќи, на новинарско прашање.
Претходно, премиерот Ковачевски соопшти дека до крајот на годинава во Буџетот се предвидени 75 милиони евра за антикризни мерки, а за идната година дополнителни 55 милиони евра пред се за продолжување на субвенционирањето на цената на електрична енергија.
Ново на Сител
-
Трамп не губи време, почна да ги користи своите претседателски овластувања
-
Онколошки пациенти повторно останаа без биолошка терапија – повеќе пари или подобро планирање?!
-
Трговците се алчни и не ги намалија цените со „Новогодишната кошница“, кажа Трендафилов
-
Студентите на дебата: 160 денари за оброк или проширување на листата на приматели на оброк?
-
СДСМ обвинува за скандалозна тендерска постапка во СОЗР
-
Преглед на вестите од светот
-
Законот за заштита на децата се врати во Собрание со забалешките на претседателката Сиљановска
-
Кон средината на февруари се очекува пикот на заразени со грип