Новиот заменик министер за здравство во CV-то во делот познавање на странски јазици навел познавање на македонски јазик
На вчерашната собраниска седница пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласоска во обраќање го коментираше CV-то на новиот заменик министер за здравство Арменд Арслани.
Новиот заменик министер за здравство Арменд Арслани предложен од страна на СДСМ во делот познавање на странски јазици го има наведено македонскиот јазик меѓу српскиот и англискиот јазик.
Ласоска му предочи на премиерот Зоран Заев дека требало да му каже на новиот заменик министер за здравство дека македонскиот јазик не е странки јазик во Република Македонија.
-Во CV-то кое што го има пуштено до Собранието на Република Македонија младиот специјализант господинот Арменд Арслани во познавање на странски јазици замислете запишал македонски, англиски и српски. Господнине Заев вие тука ставате рака на срцето и пред цела јавност велите дека идентитетот ни е бетон, јазикот ни е бетон, требало да му кажете на идниот претпоставувам нов заменик министер дека македонскиот јазик не е странски јазик во Република Македонија, кажа Ласоска.
Ново на Сител
-
Ѕвоната на катедралата Нотр Дам заѕвонија 88 пати
-
Пожар во стан во Скопје, сопственикот се здобил со изгореници
-
Тројца жители на Конопница од тераса турнале сограѓанин
-
Пожар во стан во Прилеп
-
Приведени пет скопјани и кумановец откако кај нив била пронајдена дрога
-
На ГП „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу 20 минути
-
25-годишник возел со 2.04 промили алкохол во крвта и удрил во паркирано возило
-
Како се избира нов папа и што всушност е конклава?