Новиот претседател на ПССЕ ќе биде избран утре
Новиот претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе биде избран утре, во првиот ден од есенската сесија во Стразбур.
За таа функција пратениците ќе избираат меѓу Стела Кириадикес од Кипар и Емануелис Зингерис од Литванија.
Новиот претседател ќе биде избран откако Педро Аграмунт одлучи да поднесе оставка на таа функција, изјави во петокот негов портпарол.
Вршител на должноста претседател на ПССЕ сега е потпретседателот Роџер Гејл.
Во крајот на април од ПССЕ соопштија дека усвоиле барање за изјаснување недоверба за Аграмунт во кој веќе немаат доверба поради неговата посета на Сирија. Делегација на руската Дума и ПССЕ на чело со Аграмунт беа во Сирија на 20 и 21 март на повик на претседателот на сириското Собрание Кади Абас. За време на посетата имале и средба со претседателот Башар ел Асад.
Ново на Сител
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор