Новиот градоначалник на Загреб ја презеде должноста
Новоизбраниот градоначалник на Загреб, Томислав Томашевиќ денеска стапи на должност и изјави дека примопредавањето е отворено и конструктивно.
Заменик-градоначалничката на покојниот Милан Бандиќ, Јелена Павичиќ Вукичевиќ му предаде досие со речиси 2.000 страници финансиски извештаи и сите преземени обврски на Градот Загреб.
– Генерално, финансиската состојба не е добра. Би сакале прво да поминеме низ сè со началниците, па потоа ќе зборуваме во јавност. Не би сакал да навлегувам во детали сега, бидејќи тоа нема да ви даде целосна слика поради другите варијабили кои исто така треба да бидат земени предвид, рече Томашевиќ.
Тој исто така посочи дека во тек се разговори со СДП за програмска соработка, за целите што треба да ги создадат, како и за позициите во собранието.
Конститутивната седница на градскиот парламент ја најави за 17 јуни.
Ново на Сител
-

Предизвикувачка година за прилепското стопанство
-

Македонското јаболко се бара во Србија, Бугарија, Чешка, Косово и Албанија
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Во политичката криза темата за Македонија не е приоритет за Бугарија
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Софија
-

Се подготвува извештајот до УНЕСКО
-

Филипче на средба со коалиционите партнери
-

Бугарија пред нови избори
