-->
-->
Новиот центар во Кавадарци ќе добие пазар
-->

Новиот центар во Кавадарци ќе добие покриен пазар. Како што информираше кавадаречкиот градоначалник Александар Панов, во изминатиот период за таа цел, во три фази се уредуваше просторот, а во тек е третата и последна фаза од проектот.
- Сега во тек е издавањето на градежната дозвола на веќе избран изведувач. Поради изаборите работите беа малку успорени. Таму веќе се направени првични активности од страна на Комуналното претпријатие кое има изработено тезги. Потребно е да се стави ограда и да се изврши покривање, а до 15 август очекувам и комплетно да бидат завршени работите, соопшти Панов.
Новиот пазар треба да функционира секојдневно, а не само во пазарни денови, како градскиот зелен пазар. Можно е да биде отворен и во ноќните часови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е уценет
-

Мицкоски на „Македонија 2025“: Преку поврзување до економски раст
-

Дејвид Гета во Скопје за прославата на независноста
-

Климатските промени влијаат врз пчеларството
-

Се помалку медицински сестри, се поголем притисок во болниците
-

Преглед на вестите од светот
-

Со 20.000 евра казнета фирмата чиј камион нелегално исфрлаше шут во скопски Аеродром
-

Бугарската министерка до Муцунски: Почитување на договореното за отворање на Европскиот пат
