Новинарските здруженија бараат укинување на радиодифузната такса
Новинарските здруженија бараат отстранување на радиодифузната такса и финансирање на јавниот сервис со 1% од буџетот на државата. Според нив, со оваа мерка Македонската радио телевизија ќе добие фиксни финансиски средства, ќе биде независна и постабилна.
Доброволната наплата на радиодифузната такса од 2011-та до денес е зголемена за три пати. Овој факт според минисетерот за информатичко општество Иво Ивановски е сериозно подобрување и отвара можност за поквалитетна понуда на програмата на јавниот сервис.
Сите учесници на денешната јавна дебата за реформи на Јавниот радиодифузен сервис се согласни дека за да се задоволат високите европски стандарди и потребите на граѓаните, потребни се поголеми финансиски средства, бидејќи Македонска радио телевизија треба да биде пример за сите национални телевизии и од информативен и од образовен аспект.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
