Новинарката Сузана Тодоровска Павловска од Македонското радио е прегазената жена во Капиштец
50 годишната новинарка Сузана Тодоровска Павловска е жртвата во сообраќајната несреќа која се случи синоќа во близина на трговскиот центар Зебра. Според последните информации од полицијата 37 годишниот возач со својата “опел корса” буквално ја покосил Павловска која во тој момент се движела по тротоарот на улицата.
Несреќата се случила откако возачот изгубил контрола при што возилото излетало од патот, удрило во метална ограда, скалила и завршило во еден од локалите во најблиската зграда.
Од силината на ударот, телото на починатата било отфрлено неколку метри од местото на несреќата. Повредениот возач и совозач со возило на итна медицинска помош веднаш биле префрлени на ургентен центар.
Од полицијата велат дека на возачот и неговата сопатничка им се земени крв и урина за да се открие дали биле под дејство на алкохол или психотропни супстанци. Според последните информации возачот е во добра состојба и по неговот пуштање од болница ќе биде предаден на истражните власти.
